Адвокатите на Катица Јанева денеска во Обвинителството за организиран криминал, ги видоа доказите против неа добиени со ПИ- мерките, и ги слушале и снимените разговори. Како што изјави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска, поранешната специјална обвинителка физички бика следена десетина дена, а Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец околу еден месец.

Адвокатите во среда ќе и раскажат на Јанева што виделе денеска и со какви докази располага Обвинителството за таа да се подготви за одбрана.

Задутре ќе се видиме со неа и ќе ја запознаеме со се она што сме го виделе. Начинот на одбрана ќе биде диктиран лично од неа, рече адвокатот Дељо Кадиев.

Обвинителството има побарано вештачења кои не се завршени и сè уште се во тек, и тие дополнително ќе треба да им бидат дадени на увид на адвокатите. Тие и денеска потсетија дека не им е овозможен увид во сите списи за „Рекет“.

Еве засега сè уште не ни се предадени исказите на другите осомничени за кои сметаме дека е обврска на обвинителството да ги направи, вели Кадиев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.