За многу краток период ќе биде донесен новиот закон и работата на СЈО ќе продолжи, најави Катица Јанева  пред Петтата сесија на Работната група 3 од Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија. Јанева ова го кажа како одговор на новинарско прашање за тоа што ќе прави СЈО со оглед на тоа што рокот истекува во септември, а се уште не е донесен новито закон за СЈО.

Не очекувам големи проблеми со новиот закон, тука е членот 105. Јас мислам дека и меѓународната заедница дава јасни насоки како и позицијата, освен опозицијата која е лично засегната. Во овој случај дава отпор, но мислам дека и тоа ќе се надмине. Не може да преговара лице кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и дава квалификации за СЈО, за мојата личност, или за било кое прашање порзано со СЈО. Тука мислам на Антонио Милошоски, кој многу се занесува во своите изјави – рече Катица Јанева.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.