Пожарите се под контрола, но тоа не треба да нe успокои. Мора да бидеме будни бидејќи опасноста е близу. Ова го изјави техничкиот бугарски премиер Стефан Јанев.

Во врска со некои критики дека Бугарија испратила пожарникари и противпожарна опрема во Македонија, каде што беснеат и шумски пожари, Јанев изјави:

„Намерно донесовме одлука и испративме екипи од нашата противпожарна единица во Македонија, бидејќи нашата анализа покажа дека пожарот може оди до нашата граница, што е факт. Ако некој се сомнева, нека ги праша жителите на Благоевград и соседните села каков чад дишеле вчера и што чувствувале“.

Тој прецизира дека во моментов бугарските противпожарни служби се во близина на границата, каде што преземаат акции за да не се пренесат пожарите.

– Пожарот на македонска територија е оддалечен 7 километри од бугарската граница, фронтот е 13 километри, засега нема опасност од негово преминување на бугарска територија, изјави на брифинг во селото Габрово, општина Благоевград, директорот на Главната дирекција на Бугарија задолжена за спречување и справување со пожари Николај Николов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.