Нема ништо невообичаено што како градоначалник на општината Кавадарци присуствував на граѓанска трибина „Прав пат“ што се одржа во Домот на културата „Иван Мазов Климе”, ијави градоначалникот Митко Јанчев за „Плусинфо“.

Тој потсетува дека во времето кога премиерот Зоран Заев беше градоначалник на Струмица исто така на покана на тогашната влада присуствувал на трибини на поранешниот премиер Никола Груевски.

Јас сум градоначалник и во интерес на општината е да слушнам какви проекти се планираат. Тоа е едната причина за моето присуство на граѓанската трибина, а како второ сакав да ја слушнам конкуренцијата – вели Јанчев.

Пред граѓаните во Кавадарци свои обраќања имаа потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, членот на ЦО на СДСМ, Трајан Димковски и вицепреиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.