Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и две други обвинети во случајот „Дизајн”, своеволно ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар и беа огласени за виновни и осудени на условна казна од две години затвор, која нема да се реализира доколку обвинетите во следните пет години не сторат ново кривично дело.

Против пресудата странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје, велат од Кривичен суд Скопје.

Воедно, од Судот информираат дека предметот за обвинетиот И.Ј., кој не ја призна вината, продолжува со главна расправа насрочена за 28 март



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.