Напад, раскрвавени глави и вербални провокации зад решетките во Шутка. Предизвикаа политички обвинувања и обид за опозициски упад во градската болница 8-ми септември. Првиот ден од притворот, каде двајца поранешни министри завршија како осомничени за организација на крвавиот четврток- Миле Јанакиески и Спиро Ристевски биле нападнати, од нивните семејства се исплашени за безбедноста.

Од затворот Скопје, првин се огласија со соопштение во кое велат дека и Ристовски и Јанакиески вербално провоцирале во две засебни прошетки по што биле нападнати и им била пружена лекарска помош. Напаѓачи се двајца осуденици за Диво Насеље, Лирим Красниќи и Есад Кафеџоли осудени на по 40 години затвор и чекаат врховен да одлучи по нивни жалби. Потоа во изјава за медиумите, раководството на затворската управа го осуди насилството, вети безбедност на притворениците и најави целосна истрага.

Миле Јанакиески имал повреди на главата и на раката и барал да биде префрлен во болница. Директорот на градска болница 8-ми септември рече дека не се констатирани физички повреди и Јанакиески доцна вечерва е вратен во Шутка.

Судија задолжен за притворите утре ќе оди во редовна посета на Шутка и ќе истражува што се случило. Надлежната обвинителка Вилма Рускоска го осуди инцидентот како недозволив.

Извор: Телма

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.