Имате можност да донесете правилна одлука бидејќи немам никаква вина. Не сум потикнал никого да изврши насилство. Само вие можете да донесете пресуда ослободена од политика, му се обрати Јанакиески на судијата Јосифовски на денешното рочиште.

Како може да постојат дејствија кога јас овие луѓе не ги познавав претходно туку ги запознав тука во судот, рече Јанакиески.

Тој објасни и за телефонскиот разговор со Груевски врз кој во голема мера се темели обвинението. Јанакиески вели тој само го ислушал што планирал да прави, но не дека се согласувал или дека дал потврден одговор.

Прашав дали советниците на ВМРО-ДПМНЕ да прават како што правеа пратениците на СДСМ во Собранието. Дали можеби и тие правеа насилство?, праша Јанакиески.

Тој го праша судот зошто не беше прифатен ниту еден сведок, а обвинителтвото имаше дури 22-ца.

Тоа посебно се однесува за Мартин и Суле кои се споменуваат во разговорот со Груевски. Тоа се Мартин Протугер и тогашниот портпарол на владата. Јанакиески тврди дека немал никаков контакт со нив. Тоа ќе го потврдел и Протугер кој четири пати доаѓал, но судот не му дозволувал да сведочи.

За новиот обвинителен предлог тој рече дека е темелен само од исказот на Лазаров.

Лазаров, рече Јанакиески, јасно предочил дека немал контакт со него туку со Кирил Божиновски.

Како пак со тоа што имав телефонски контакт со Груевски сум направил кривично дело. Ако имаше дело ќе го имаше и во прислушуваните разговори за мене, посочи Јанакиески.

Јанакиески вели дека судот не може половично да му верува на исказот на Лазаров бидејќи тој јасно кажува со кого се среќавал.

Лазаров не добивал од мене насоки да го организира членството за протести. Јас само се интересирав што се случува внатре во салата. Дали тоа е кривично дело. Оставам на вас да оцените, му рече Јанакиески на судијата Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.