Денес се судам за шамари кои не се случија, а се присетувам дека додека бев во притвор во Казнено поправната установа, бев брутално клоцан и удиран додека беспомошно лежев на земја, при што се здобив со голем број на телесни повреди и потрес на мозокот. Но за овој настан никој не понесе одговорност, ниту пак обвинителството поднесе било каква пријава.

Ова го изјави Миле Јанакиески на денешните завршни зборови на судењето за протестите пред Општина Центар во 2013 година, за кои Обвинителството го товари дека поттикнал грубо насилство кое не само што никогаш не се случи, туку и нема никакви материјали докази и исказ од сведоци дека Јанакиески воопшто сторил таков обид.

Попрецизно, сите сведоци на обвинителството во постапката ги негираа тврдењата на обвинителството, кое се чини дека обвинението го темели на своја перцепција (и желби?), а не на материјални и суштински докази.

Дополнително, на Јанакиески не му беше овозможено да повика дополнителни сведоци и да изведе дополнителни докази кои ќе ја докажат неговата невиност, нешто што е апсурд сам по себе кој како да потенцира дека на обвинителството не му е важна вистината, туку по секоја цена осудување на Јанакиески.

На денешното рочиште одбраната побара отфрлање на обвинението против Јанакиески и негово ослободување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.