Со вака конструиран обвинителен акт ниту е направена правична и правилна истрага за настаните за „27 април“ ниту се презентираат докази и факти околу евентуални организатори ,имајќи ја во предвид оскудната листа на предложени докази од обвинителството. Вака ги започна своите воведни зборови обвинетиот Миле Јанакиески за настаните од „27 април“.

Јанакиески тврди дека ќе докаже оти изјавата на сега осудениот Александар Василевски – Нинџа на кого ова не му е прв предмет преку лажни изјави да загрозува лица, и на која се конструира обвинението за наводно мое присуство на 8 кат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е невистита.

Тој убедува дека ниту го  познава, ниту некогаш имал непосреден контакт со него.

-Ќе докажеме дека оваа изјава која впрочем е трета негова за ист кривично правен настан, дадена неколку дена пред изрекување на пресудата е полна со лажни околности и истата е дадена под ветување за поволности за обвинетиот со цел да има околност за мое кривично гонење, земајќи во предвид дека во постапката која предходно се водеше пред овој Суд за овој кривично правен настан бев повикан во својство на сведок и сите докази освен изјавата на Александар Василевски – Нинџа од 01.03.2019 година ми беа предочени-посочи Јанакиески.

Јанакиески објасни дека преку анализа на камери и базните станици а и преку распит на сведоци ќе докажат дека Нинџа бил присутен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во 17 часот и 12 минути до 17 и 40 кога се враќа назад во Дион .

-Ќе докажеме дека во овој временски јас не сум бил присутен во штабот а во моментите кога сум присутен во Штабот Нинџа не бил таму. Со ова ќе докажеме дека делот на обвинението а кое целосно се базира на изјавата на Нинџа за тоа дека ме видел на 8 кат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и што таму сум правел е неточно и паушално. Ќе докажеме дека критичниот ден немало состанок во таков состав како што изјавува обвинетиот  Александар Василевски – Нинџа и дека целокупната негова изјава е лажна и мотивирана од лица кои го нарачале и осмислиле овој обвинителен акт-објасни Јанакиески.

 

Јанакиески вели дека немал својство на службено лице со службени овластувања, за да може да дава наредби за број на полициски службеници кои обезбедувале протести, ниту пак  бил службено лице во ВМРО – ДПМНЕ кое било овластено за организирање или материјално помагање на протестите.

Ќе докажам дека партијата официјално не организирала, ниту органите донеле таква одлука, туку дека ВМРО-ДПМНЕ ги подржуваше протестите насловени како за Заедничка Македонија, што и било официјалниот партиски став. Ваквата активност е многу слична или иста на онаа како што и политичката партија СДСМ ја даваше подршката на т.н Шарена Револуција-објаснува Јанакиески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.