Исказот на сведокот кој е основот во обвинителниот акт Александар Василевски Нинџа не е потврден од ниеден друг изведен материјален и вербален доказ а истиот е побиен и со многу вербални и материјални докази вклучувајќи го и мислењето на техничкиот советник на одбраната, рече Јанакиески на денешните завршни зборови.

Со измените на обвинителниот акт, а поради немање на докази повеќе не сум обвинет за организирање на партиската структура – општинските и месните комитети и организаторите на протестите, тукусе става ново дејствие организирање на протести. Во пресудата по првиот предмет Како организатори на се јавувале лицата Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски .Исто така не е доставен доказ дека Никола Груевски ми дал или дека јас сум примил негова наредби и инструкции во врска со организирање на протести. Воопшто не сум имал контакт со учесниците, говорниците, уметниците и организаторите на овие протести, и затоа не сум ги организирал протестите ниту непосредно ниту секојдневно-објасни детално Јанакиески.

Исказите на 42 претседатели, потпретседатели и членови на ОК кои кажуваат дека немале никаков контакт со мене во однос на било каква организација поврзана со протестите, вклучително ниту за термините за одржување на тие протести-додава обвинетиот.

Тој го праша судот дали треба да поклони верба само на еден сведок на чиј исказ се базира обвинението и кој не ја кажува вистинита, лице без кредибилитет, со криминално минато, повеќе пати осудуван, и осуден за настаните за 27 април или на повеќе сведоци со истакнати државни функции – поранешен претседател, поранешен премиер, министри, пратеници и актуелен премиер, кои имале пристап до безбедносни информации релевантни за настанот.

Барам да донесете одлука заснована на закон и докази, а не врз база на фикции и претпоставки на Обвинителството за сторено кривично дело-побара Јанакиески

 

Тој објасни дека по целосно побивање на првото обвинение, кое во целост се базираше на изјавата на Александар Василевски Нинџа, Обвинителството немајќи храброст да го повлече обвинението, во измената на обвинението се повикува на доказ, комуникација со Елизабета Канческа Милеска и со Крсто Муковски.

Оваа комуникација Обвинителството ја поседуваше пред покренување на Обвинителниот акт и за истата уште во април 2018 година во Јавното обвинителство, во својство на сведок, давав исказ. Во тој период не ми беше сменето моето својство од сведок во обвинет, што укажува на фактот дека истата таа комуникација не била основа за обвинение. За оваа комуникација Обвинителството мене ми го скрати правото преку изведување на докази, истите да ги оспорам. Замолувам судот при носењето на конечната пресуда да ја има предвид мојата изјава од април 2018 која не е доставена до Вас со цел да ги имате наводите од истата-истакнува Јанакиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.