Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска е префрлен на приватна клиника поради преглед и итна интервенција, потврдува неговиот адвокат Александар Новаковски.

При преглед во затворот, на Јанакиески му биле констатирани два здравствени проблеми, од кои едниот можел да се третира како итна
интервенција и по одобрение на судот и на затворската управа поранешниот министер е пренесен на преглед во приватна клиника“.

Јанакиески го прекина штрајкот со глад поради совет од лекарите дека нема да може да ја поднесе терапијата за бубрежната инфекција доколку гладува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.