Сведокот Томислав Лазаров даваше наменски и лажен исказ за да се спаси себеси. Тој е „Нинџа 2“, истакна обвинетиот Миле Јанакиески во завршните зборови за случајот за настаните во Општина Центар. Според него, во новиот обвинителен предлог му се ставаат нови елементи кои немал можност да ги докажува, а т.н бомби придонеле предвреме да биде осуден.

Незаконски сум прислушуван и за тоа постојат 80.000 записи и затоа се пријавив како оштетен. Поради наводната блискост со Груевски бев притворен дека можам да избегам. Еве и денеска сум тука. Мора Јанакиески да биде осуден за некој да поентира. Според статутот на ВМРО-ДПМНЕ не постои угледен член туку органи на раководење. Дали Обвинителството го праша Груевски дали ме сметал за близок соработник. Ова е исклучително субјективно мислење на обвинителот, порача Јанакиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.