Миле Јанакиески кој вчера имаше воведен збор во случајот за настаните од „27 април“ го повика Јавниот обвинител Љубомир Јовески да ја погледне неговата изјава и обвинението. Тој се надева дека Јовески ќе смогне сили да го повлече обвинението и да отвори нова истрага.

 Преку распит на обвинителите кои претходно воделе истрага за овој настан ќе побиваме дел од тврдењата на обвинителниот акт, а оваа прилика ја користам да го повикам почитуваниот обвинител Јовевски лично да ја погледни мојата изјава и обвинителниот акт со цел да биде запознаен со целокупната документација и се надевам ќе смогни сили да го повлече овој обвинителен акт и ќе отвори нова истрага а како основ ќе биде мојата изјава со цел како што истакнав на почеток на моето излагање да дојде до правата цел-рече Јанакиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.