За време на рочќиштето за случајот „Насилство во општина Центар“, адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов пред судот објави дека неговиот клиент бил прислушуван цели две години.

Тоа се случило во периодот од 2013 до 2015 година.

Миланов изјави и дека кога веќе снимките ги има во аудио материјалите на пораншното СЈО, треба да се види дали постои разговор помеѓу Јанакиески и лицето Томислав Лазаров.

Ако постои таков разговор да се прибави во судницата за да има еднаквост во оружјата – изјави Миланов.

Одбраната, побара Томислав Лазаров повторно да биде преслушан од Судот затоа што дал различни изјави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.