Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски вечерва беше гостин во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија каде зборуваша на теми поврзани со политиката и работата на општина Карпош.

На прашања поврзани со поранешниот лидер на владејачката СДСМ тој кажа дека самиот Заев му се јавил да му честита за победата, а поврзувањето на оставката од лидерската позиција со победата на Јакимовски било исклучиво од дневнополитички побуди.

Мене господинот Заев ми е пријател и интересен ми е. Десетина дена пред изјавата ми се јави да ми честита за победата. Сметам дека тој не го мислел тоа што го кажа. Веројатно му требала изјавата за дневна политика. Длабоко во себе не мисли така, вели Јакимовски.

Искрен да бидам и тие што ми се противници знаат дека Стевче Јакимовски не е неспособоен, криминалец, глупав и знаат дека има идеи и знае да си ја работи својата работа, истакна Јакимовски во интервјуто.

Тој меѓу другото во интервјуто ги потврди шпекулации за меѓусебните односи со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Од локалните избори па навака, морам да кажам дека не функионираме баш најдобро со Христијан Мицкоски. Оние што се мои обврски како коалиционен договор во Карпош се исполнети во целост, за разлика од коалиционите договори што ги имаме на ниво на цела Македонија вклучувајќи го и Град Скопје. Засега ГРОМ има чиста нула. Ниту јас, ниту мојата партија е партија на потрчковци, кажа Јакимовски во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.