Путин сака да ја покори цела Украина. Обидот да се дојде до руската граница и да се заокружи Русија е преопасна игра, на која Путин предупреди. Тој молеше Европа и Русија да бидат обединети против еден непријател, а тоа е тероризмот, вели градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски во емисијата „Студио 10“.

Според него, нападот во Украина може да има верижна реакција низ светот.

Кина со Тајван, на Балканот српскиот свет, имате носач на НАТО во Јадранското море, може да биде гаѓан Белград и Бања Лука. Работата е сериозна, појаснува Јакимовски.

Тој додава дека во изминатиот период пред инвазијата починале 15.000 лица.

Во Украина се отпуштени Руси и се убиваа лица. Кога ќе изберете претседател-комичар (Зеленски) ќе си доручкувате гранати. Наместо тој да седне и да се смират тензиите, тој обидува со закани. Додека Бајден и Џонсон дојдат со тенковите, отиде Украина, смета Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.