Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски вели дека се шокирал кога утрово на српска телевизија од српската премиерка Ана Брнабиќ дознал дека предвидените вакцини за Македонија не може да бидат испорачани зошто не сме подготвени да ја примиме и имплементираме.

ЉУДИ ПА ЈЕ ЛИ ТО МОГУЧЕЕЕЕ!!!
Во утринската емисија на ТВ Хепи под наслов „Добро јутро“ гостуваше српската премиерка Ана Брнабиќ. Што би рекла Шеќеринска: Се шокирав!
Брнабиќ рече дека доделените 8000 вакцини за Македонија не можеле да бидат испорачани затоа што ние не сме биле подготвени да ја примиме и ја имплементираме на граѓанството.
Не ми се веруваше. Што би рекла Шеќеринска ова е дно, коментира Јакимовски.

Додека министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев нè убедуваат дека сме подготвени, но само вакицините доцнат, од српската премиерка дознаваме дека како земја не сме регистрирани во „Фајзер“, што значи не може да ја добиеме вакцината ни како донација, а Србија чекор по чекор, како на мали деца, ни помага и тоа да го средиме.

Не е само дојди и купи, има тука доста други процеси – регистрација од странска агенција, план за вакцинација и слично, сподели Брнабиќ на „Хепи“.

Повеќе тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.