Буквално оваа Влада не знае кај тера и справувањето со корона кризата е врв на неспособноста на Владата на Заев, истакна Стевче Јакимовски претседателот на ГРОМ во вечерашната “24 Анализа” на Телевизија 24.

– Ковид кризата и набавката на вакцините – дали кинески, дали руски или незнам какви вакцини, е исто како да имате милион глувци во куќата, а вие размислувате каква мачка да набавите: жолта, црна или бела. Ние имаме нефункционален политички систем, нефункционален правен и судски систем, нефункционална пазарна економија и здравствен систем – вели Јакимовски .

Јакимовски прашува дали ќе почне да се зборува за неодговорноста на министерот Филипче.

– Што уште овој човек треба да направи, односно не треба да направи за да сноси одговорност. Без тронка срам. И јас сум бил министер во три Влади, но да ми се случило мене ова, вака да каскам зад проблемите и ваков гаф со вакцините, најмалку што можам да направам е да си поднесам оставка и повеќе никогаш да не се појавам во јавност. Ова се страшни пропусти на Филипче за кои мора да се сноси одговорност, дециден е Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.