Лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски на Фејсбук во 14 точки го објаснува спорот со Бугарија и грешките што ги прави Зоран Заев.

Му велев ли бе луѓе на Заев дека не го затвора туку го отвара македонското прашање? Јасно ли ни е сега дека ние практично не сме имале никаков договор и тие се категорични дека со раката на срце, главата на страна, прегратки, целуфки и убав осмех како што Заев мисли (така велат тие) не можат да бидат надитрени Бугарите. Јасно ли ни е сега која беља ни ја направија овие луѓе? Очигледно тие за ова не се свесни и како што вели познатиот Српски глумец Зоран Радмилович: „ Кога ќе умреш ти не знаеш дека си умрел и не ти е тешко. Тешко им е на тие околу тебе. Така е и кога си глуп. Ти не знаеш дека си глуп и не ти е тешко. Тешко им е на другите.“-пишува Јакимовски.

 

Ова се 14-те точки на лидерот на ГРОМ

 

1. Ако Грците можеа да чекаат 28 години ке чекаме и ние. Велат, нам не ни се брза на Македонија и се брза;

2. Ако можеа да им попуштат на Грците ќе попуштат и кај нас;
Тоа значи Заев и Никола Димитров уште со грчкиот договор си влегоа во погрешен воз и нормално е дека сите станици на тоа возење се погрешни. Да потсетам таму прифативме дека немаме ништо со Александар Велики и античката историја. Се откажавме од нашето национално малцинство во Грција и прифаќаме дека нема Македонци во Грција. Бугарите велат ако нема Македонци во Грција, а Делчев и Мисирков се родени таму, тогаш како Македонија бара овие 2 личности да бидат Македонци? Се откажавме со Грците и од идентитетот, не сме веќе Македонци туку граѓани на Македонија. Не смееме да ја употребуваме придавката македонски и што ли уште не;

3. Бугарите бараат да се откажеме од македонското национално малцинство во Бугарија;

4. Тие инсистираат да направиме уставни измени и во уставот да постои бугарско национално малцинство, а тоа значи да прифатиме дека во Бугарија нема Македонци, а во Македонија има Бугари;

5. Бугарите инсистираат да се подигнат споменици на наводно 20,000 убиени Бугари од комунистичкиот режим по 1945та година;

6. Да се корегираат учебнците со што Бугарите нема да бидат окупатори туку администратори;

7. Од сите споменици да се избрише дека Бугарите биле фашисти;

8. Да прифатиме дека македонска нација постои од 1945та година;

9. Македонскиот јазик како наречје на западнобугарскиот дека е воспоставен од 1945тата година;

10. Да не си правиме фантазија дека имаме заедничка историја до 1944та година, туку да прифатиме дека нашата историја е бугарска. Велат не можеме да правиме компромис со оние што ни ја украле и фалсификувале историјата. Пред 1944та година мора да прифатиме дека таа историја не е заедничка туку бугарска;

11. Сите дејци како Кирил и Методиј, Климетн и Наум, Самуил, Гоце, Јане, Мисирков мора да прифатиме дека се Бугари и многу други историски личности како што е Јован Влавдислав, Петар Дељан и други;

12. Да престанеме со обструкција и забрзано да го градиме коридорот 8, а тоа значи зелезницата и автопатот Куманово – Деве Баир;

13. Да не ги кочиме бугарските инвестиции;

14. Македонските власти да го санкционираат говорот на омраза кон Бугарите;

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.