Протестите на ВМРО-ДПМНЕ се со многу јасна цел. Се организирале протести за да се одржел Мицкоски на власт… Теоретска шанса нема во моментов да падне Мицкоски, да не се секирате нити вие, нити Заев ниту другите душебризници. Тоа не се причини за протест, прилините се јасни и ги гледаат сите граѓани, рече Стевче Јакимовски од ГРОМ на дебатата на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина на која гостуваше и Стојанче Ангелов од Достоинство.

Јакимовски напомена дека се ќе биде јасно околу протестите кога ќе се соберат и 50 илјади граѓани.

Нема што некој да се грижи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ, јасна е целта – лошо владеење на старо – новата влада и ќе видите дека нема теротески шаснки Мицкоски да падне од функцијата – рече Јакимовски најавувајќи ги следните чекори и протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Имајќи го предвид опозициксото распoложение кај граѓаните одзивот на протестите во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Јакимовски укажа дека добро е со локалните избори до година да има и предвремени парламентарни избори

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.