Каракачанов јасно и гласно ни кажа дека ова е тоа што ни се случува, дека ќе нè блокираат на патот кон ЕУ. Тие си имаат константа кон Македонија, тоа а е негаторски став кон Македонија. Ова не им беше јасно очигледно на оние кои потпишуваа Договор со Бугарија, рече Стевче Jакимовски од ГРОМ на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“.

Според него, Македонија не преговара, Македонија е уценета.

Комисијата за утврдување на факти меѓу Македонија и Бuгарија треба да работи и може само за едно да се сложиме дека нема да ги викаме нацисти и фашисти, ако не да се поништи договорот и ќе дојдат други времиња и ќе се разговара од друга позиција. Македонија не преговара, туку се прават стратегии за маркетинг за хипнотизирање и прифаќање на Договорот. На Гоце Делчев ќе си ги скршат забите на историјата зошто го излажаа македонскиот народ велејќи “ајде на референдум и ќе влеземе во НАТО и ЕУ“. Во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ си ги скрши на религијата, а овие овде на историјата. Многу е едноставно, го излажаа народот, а јасно им велевме не го затворате прашањето, туку само го отворате – рече Јакимовски.

Красимир Каракачанов, рече Јакимовски, е само поштар кој пренесува кои се ставовите на Бугарија кон Македонија, а тоа е дека ние сме еден народ кој живее во две држави.

Говорејќи за преговорите со ЕУ и најавените блокади од Бугарија, Јакимовски рече: Ако одиме до крај во преговорите со ЕУ и нè блокираат на крај, тогаш ќе немаме никаква позиција. Ние треба јасно и гласно да кажеме ако они ги блокираат преговорите ние го раскинуваме Договорот со Бугарија, ќе видите како притисокот ќе се сврти кон нив!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.