Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека мнозинството наставници сакаат наставата да се одвива со физичко присуство. Тој во интервју за Радио Слободна Европа рече дека за ова се согласни и поголемиот дел од родителите на учениците.

Меѓутоа, ваквиот модел на одржување на настава со физичко присуство е многу напорен и за учениците и за наставниците. Ќе дадам еден пример на што е тоа напорно. Прво, носење на маска повеќе часови непрекинато во текот на денот е навистина, сметам дека е штетно. Од аспект на тоа што учениците со самото влегување во училиште до излегување од училиштето ги носат маските, меѓутоа, да не заборавиме дека и наставниците исто толку време поминуваат со маска. Една или две маски некои наставници носат, што е исклучително тешко за изведување настава, за дишење, за дишење на квалитетен воздух без разлика дали се проветрува средината, училницата или не. Наставниците и учениците издишуваат јаглерод диоксид и истиот тој јаглерод диоксид повторно го дишат во своите бели дробови, вели Неделков.

Претседателот на СОНК рече дека Синдикатот барал од МОН да се направи промена на начинот на настава и часовите да се скратат на 30 минути, а да се зголемат одморите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.