Со фрлање јајца кон зградата на Министерството за образование и наука заврши протестот на средношколците, кои вчера порачаа дека не сакаат да полагаат државна матура, поради тоа што учат онлајн и немаа можност да добијат квалитетна настава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)

Во Скопје Матурантите еден час го блокираа булеварот пред зградата на МОН, а нивни врсници протестираа и низ десетина градови низ државата. Во текот на денот беше бојкотирана и наставата.

Од здружението „Средношколски час“ велат дека надлежните немаат слух за нивните барања и дека пред две недели побарале средба со нив, но не ја добиле. Велат дека не може да полагаат матура кога изгубиле три месеци минатата година, а оваа, пак, не добиваат вистинска настава.

Нивната плтформа пропадна, моментално работиме преку апликацијата „Тимс“, која нема услови за настава. Јас сум од стручно училиште, а практична настава немаме, вели средношколец.

Од МОН не отстапуваат и се децидни дека државна матура ќе има, бидејќи не смее да се прави компромис со квалитетот на образованието. Велат испитите од државната матура ќе се одржат во законски предвидениот рок, но со полесни прашања и по скратени програми, со цел полагањето да биде ефективно и организирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.