По изборот на Исмаил Јахоски за пратеник остана празно местото градоначалник на Општина Пласница, па поради тоа во одреден временски период функцијата градоначалник на оваа Општина со донесување на Решение на поранешниот градоначалник Исмаил Јахоски во согласно со закон за локална самоуправа ќе ја извршува член на Советот на оваа општина м-р Елсан Нурчески.

Определен сум да ја вршам должноста градоначалник на Општина Пласница, од страна на досегашниот градоначалник Исмаил Јаоски кој е избран пратеник од редовите на ДУИ на предвремените парламентарни избори, па затоа ми е чест и задоволство, како што вели, што ќе ја претставувам и застапувам општина Пласница. Функцијата ќе ја извршувам чесно, одговорно, транспарентно и компетентно во согласност со Уставот, законите, статутот на Општината, подзаконските акти и меѓународни договори, рече Нурчески.

Тој посочи дека е отворен за соработка со сите правни субјекти, физички субјекти, домашни и меѓународни организации и институци.

Целта на мојата функција ќе бидет да придонесам за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани на Општина Пласница во сите свери и области на делување, за овој временски период, заврши Нурчески.

Согласно закон за локална самоуправа функцијата член на советот ќе му биде во мирување се додека ја врши должноста градоначалник на Општина Пласница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.