„Јас татко ми и брат ми бевме на Клиниката за неврохирургија да потпишеме за операција, излезе медицинска сестра и ни кажа дека пацинетот одбива операција. Пацинетот не е доволно свесен за да одбие, затоа ние сме тука да потпишеме за операцијата, а потоа не информираа да си ја земеме пацинетката дома, но ние одбивме. Мајка ми не знае ни како се вика, ни која година е родена, ни каде живее. По наше инсистирање пацинетка остана, после пак ни јавија да потпишеме и таму и правеле тест излегол негативен. Вчера пак ни кажаа да ја земеме затоа што е позитивна на ковид тест. Јас прашав: како може да ја однесеме со една болест, а да ја земеме со две болести? Она беше со два негативни теста, а третиот позитивен. Како да ја земам јас? Значи она е заразена во болница…” – вака изгледа гoлготата низ која пацинетка од Тетово и нејзините најблиски ја преживуваат со денови на Клиниката за неврохирургија и се борат за нејзиниот живот.

Нејзиниот син Жарко Трајковски јавно за Алфа раскажува за лошиот третман, но и дека требало да потпишат отпусна листа во која наводно се согласиле да ја земат дома на домашно лекување мајка им која е во полусвесна состојба.

„Во отпусната листа пишува дека пацинетот одбива за операција. Како може кога семејството односно ние, знаевме дека таа оди на неврохирургија, како ние сме одбиле, а одиме да потпишеме за да се оперира“ – раскажува за Алфа Жарко Трајковски, син на пациентката.

 

По овие пеколни денови за семејството Трајковски, пацинетката сега е хоспитализирана во ковид центарот на Клиниката за неврологија. А претходно пак, од Клиниката за неврохирургија состојбата ни ја објаснија малку поразлично.

“Откако се усогласија ставовите помеѓу пацинетката  и нејзиното семејство за да се направи операција, се напрви предоперативен ковид тест кој што беше позитивен. Од страна на неврохирургот ѝ беше посочено на пацинетката дека треба да се јави во локален ковид центар и потоа да се врати за операција.” – велат за Алфа од Клиниката за неврохирургија.

Семејството Трајковски и натаму останува во борба за спас на животот на мајката и меѓу дрогото молат за итна помош од надлежните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.