Повреден е поранешниот министер Миле Јанакиески или не?! Од болницата „8 септември“ тврдат дека не биле констатирани телесни повреди. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак, пред болницата изјави дека дежурниот доктор на Мицкоски му ја кажал дијагнозата на Јанакиески, односно дека тој има повреди.

Претходно беше објавено дека Јанакиевски има скршеница на раката. Нему, за разлика од Спиро Ристовски, му била потребна дополнителна медоцонска помош која во затворската амбуланта не можеле да му ја пружат. Затоа Јанакиески е однесен во ГОБ „8 Септември“. Зошто Јанакиески бил пренесен во ГОБ ако нема никакви повреди?! Зошто не му била укажана прва помош во затворската амбуланта, доколку немал сериозни повреди?! Зошто тој неколку часа веќе е во ГОБ, доколку нема потреба од медицинска нега?! Ова се низа прашања кои се појавија по соопштението од ГОБ. Дали се крие повредата на Јанакиески и зошто?!

Лидер, повикувајќи се на извори од затворот тврди дека на Јанакиески му била скршена раката.

– Поранешниот министер Миле Јанакиески со скршеници е пренесен во градската болница „8-ми септември“ откако попладневно беше претепан во затворот во Шутка, од обвинети терористи за случајот Диво Насеље – објавува Лидер повикувајќи се на извори во затворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.