На 21 април 2019, кога го пријавил случајот за рекет, премиерот во заминување Зоран Заев не знаел дека била вмешана Катица Јанева, бидејќи на материјалите кои му ги презентирал бизнисменот Орце Камчев, се гледа само Бојан Јовановски-Боки 13.

На 22 април кога го пријавив случајот, јас го пријавив тоа што го видов. А го видов тоа што беше објавено од Орце Камчев, односно предадено во Обвинителството. И таму ја гледате Катица Јанева? Не ја гледате. Гледате комуникација меѓу Боки 13, Камчев, сето тоа што се случувало, а на видеото ја немаше Јанева па не можете некој да обвините. Истрагата ги отвори моментите па дојдовме до денешната состојба, перцепција, кој каде бил и каде постои индиција кој каде би можел да биде одговорен. Не сум сум имал намера никого да го кријам, да го скријам, во првата можност пријавив. Уште еднаш напоменувам, доколку ова се случеше пред две и пол години ќе се случеше да биде заштитена телевизијата која е целосно про влада, врхушката ќе ги собереше парите, а Камчев имаше да молчи, така ќе беше во тоа време на режим. Јас го пријавив случајот со сите сознанија кои ми беа презентирани. Мене ми беа презентирани видеото и четири разговори. Тие беа доволен основ, а на крајот се убедувавме и дека документите треба да се достават таму, рече вечерва тој одговарајќи на новинарско прашање зошто во наредните три месеци откако дознал за рекетот продолжил да ја брани специјалната обвинителка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.