Целосна дигитализација на водењето на матичните книги, најави вицепремиерот Љупчо Николовски како дел од Антикорупцискиот план на Владата.

Тој рече дека граѓаните во иднина нема да чекаат во редови пред шалтерите за да добијат извод од матичните книги на родени, венчани и починати, туку тоа сите тие потврди ќе бидат заменети со само еден извод од Централниот регистар на население.

Целосно ќе се дигитализираат трите книги кои ги води Управата за водење на матични книги. Со тоа граѓаните електронски ќе ги добиваат изводите и документите, нема повеќе непотребно чекање на шалтери. За да се подобрат услугите на граѓаните и фирмите во полна функција се става Централниот регистар на население каде на едно место ги има сите податоци за граѓаните. На овој начин, ќе се укине процедурата за вадење на различни документи и изводи за било која постапка, институциите ќе можат да проверат, а не граѓаните постојано да вадат изводи. За оваа цел ќе се изменат 10 закони, рече вицепремиерот Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.