Најмалку 50 вреќи ѓубре собраа активисти од неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ и 80 извидници од 23 европски земји во акција што ја организираа на просторот околу Извидничкиот центар, реката Коселка и околните плажи.

Најголем дел од отпадот биле пластични шишиња, кеси, марамчиња, стакло, а пронашле и фрлен телевизор и пластични столови.

„Упатуваме апел до сите граѓани, да ја чуваме нашата околина и постојано да работиме за подобрување на животната средина. Честит Денот на планетата Земја!“, велат од „Чист Охрид“ по спроведената акција која следува еден ден по Меѓународниот ден на планетата Земја.

За време на акцијата, пред извидниците и активистите говор одржала и Катерина Василевска од „Охрид СОС“ која зборувала за значењето и состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.