Скопје и Софија треба да се вратат на преговарачката маса, на темелите на Договорот за добрососедство и на концептот на „заедничкото“, а не да чекаат да дојде март, смета европратеникот и известувач на Европскиот парламенет за  Македонија, Илхан Ќучук.

– За да најдеме решение, мора да се вратиме на Договорот за пријателство и добрососедство. Довербата во договорот е нарушена, изјави Ќучук во интервју за Бугарското национално радио (БНР).

Според него, во овој момент не е потребно никакво „националистичко шоу“ и „натпревар во национализам“, затоа што, како што вели, еден национализам сам по себе создава друг национализам.

Ќучук смета дека „пореална опција“ е да се направи „добра подготовка во следните шест месеци“, во очекување на словенечкото претседателство со ЕУ, кое ќе следи португалското.

– Проблемот е јасен – од една страна гледаме цврста позиција од страна на Софија, во која се вели дека има проблем со идентитетот. Од друга страна, гледаме уште поцврста позиција на Скопје дека нема да отстапат од својот идентитет, вели Ќучук.

Според него, ќе беше многу подобро прашањето за „политичката кочница“ Бугарија да го кажеше уште во март годинава, кога ЕУ даде зелено светло за старт на преговорите со Севенма Македонија.

– Тогаш бевме искрено среќни. Но, подобро ќе беше тогаш да беше покрената темата со политичката кочница, а не да се чекаат следните 8-9 месеци и да се изнесе радикално спротивставен став, изјави Ќучук, според кого, сегашната позицијата на Бугарија е несфатлива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.