Рано утринава до Собранието пристигна извештајот на Советот на јавните обвинители со кој се бара разрешување на Катица Јанева. Процедурата вели дека претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да ја закаже Комисиската расправа на која ќе се одлучува за судбината на Извештајот.

Дури потоа собранискиот спикер Талат Џафери треба да закаже собраниска седница.

Според Законот за СЈО, назначувањето на шеф на обвинтелството ја има токму законодавниот дом.

Советот на јавните обвинители во извештајот ги има наведено постапувањата на екс шефицата на СЈО во случајот Империја. Вчера Советот на јавни обвинители едногласно го усвои извештајот за разрешување на Јанева од челната позиција во СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.