Извештајот на ЕК од 2 до 4 март

Македонија 17.02.2020 / 22:34

Извештајот за напредокот на нашата држава и Албанија се очекува од 2 до 4 март, а идејата е Европската комисија да излезе со него кога сите земји-членки ќе бидат позитивни за давање зелено светло за датум за почеток на преговори со Унијата, потврдија за МИА дипломатски извори од Брисел.

Извештајот треба да биде усвоен на состанокот на еврокомесарите, кои имаат средба в среда на 4 март.

ЕК сака земјите членки да бидат позитивни и затоа извештајот се подготвува детално и внимателно, велат дипломатските извори, но додаваат дека сепак последниот збор за двете земји ќе биде на Советот за општи работи, кој се одржува два дена пред Самитот кон крајот на март.

Претстојниот извештај на ЕК бил исто така тема на средбата, на која, како што соопшти Владата било оценето дека се очекува со овој извештај и со новата методологија да се направи чекор напред во прогресот на интеграцијата на Македонија.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека ако резултатите од извештаите на Европската комисија за Македонија и Албанија се позитивни, тој ќе поддржи почеток на преговори со овие земји за влез во ЕУ.

Го очекуваме извештајот во март, во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и дали е воспоставена доверба, ние ќе бидеме во состојба да ги почнеме преговорите, истакна Макрон на Минхенската безбедносна конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.