По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, Државниот инспектор за животна средина (ДУЖС) темелно ги истражил можните извори и утврдил дека излевањето потекнува од оранжериите „Вардар АД“ од Градско, по што за правното лице е изречена казна од 20.000 евра во денарска противвредност за загадување на површински води, согласно Законот за води,.

Од ДИЖС во соопштение наведуваат дека мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви.

Наредено е и чистење на остатоците од излевањето во кругот на оранжериите, како и склучување договор со компанија лиценцирана за транспорт и отстранување на опасен отпад – посочуваат од ДИЖС.

Од Инспекторатот дополнуваат дека наредниот ден е извршен и дополнителен контролен надзор при кој е утврдено дека правното лице има постапено по наредбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.