Излезноста на гласачите на Локалните избори 2021 до 18:30 часот е 50,04 проценти од обработени 47,74% од гласачите кои го оствариле своето гласачко право, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија.

Наскоро се оечкуа ДИК да обработи 90% од податоците, со што ќе се добијат порелевантни бројки по општини.

ДИК првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии треба да ги објави во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Ова се седмите локални избори од независноста, а трети на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 824 864 граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.