Државната изборна комисија на својата втора прес конференција објави дека до 13 часот, од пристигнати податоци од 75,5% од избирачките места, излезноста на гласачките места е 20,45% од вкупниот број запишани избирачи. Најголем одзив е регистриран во Прилеп, 35 отсто, додека најнизок во Боговиње и Липково, каде што излезноста е околу 5 проценти.

Статистиката покажува дека на претходните претседателски избори кои се одржаа на 13 април 2014 година, гражаните на Македонија со право на глас, покажале поголема заинтересираност.Тогаш, според податоците од ДИК, до 13 часот за претседател гласале 415.670 гласачи или 25,79 проценти од вкупниот број на гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.