Чувствуваме обврска да ве информираме дека на голем број избирачки места, од страна на нашите набљудувачи се забележани повеќе случаи на агитирање на самите избирачки места, а постојат и сомнежи за вршење на притисок врз гласачите. Исто така во текот на изборниот процес на повеќе избирачки места се забележани и проблеми со апаратите за земање на отпечаток од прст. Имено, станува збор за два конкретни проблеми:
Кај дел од апаратите не може да се испринта потребната листа за старт на гласањето, додека кај другите е забележана неможност да се отчитаат биометриските податоци од прст. Поради сето ова забележани се недоразбирања и помали гужви пред избирачките места.
Ги повикуваме надлежните институции задолжени за спроведување на изборите, а секако и органот задолжен за спроведување на законите да си ги вршат во целост своите должности и овластувања.
Воедно, ги охрабруваме граѓаните, сите евентуални нерегуларности да ги пријават кај надлежните државни органи или во нашата организација на следната електронска пошта: [email protected]gmail.com, со цел обезбедување на достоинствен демократски процес на изразување на волјата на граѓаните.

На крајот, ги повикуваме граѓаните да го искористат своето уставно загарантирано право на глас и со своето учество да му дадат легитимитет на овој изборен процес, со цел демократски избор на локална власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.