Најголемиот глас на овие избори е гласот на тивкото мнозинство. Тоа се луѓето чиј глас не се слуша на медиумите, говорниците, на плоштадите. Тоа се луѓето кои живеат мирен живот, тоа е огромното мнозинство кое тихува, работи, и ја чува оваа земја. На нивниот рбет се носат институциите, процесите, тие секој ден ја даваат нивната жртва за нашата Македонија и молчат, но имаат свој став, сакаат и живеат за своите семејства, копнеат за сигурност, ја сакаат Македонија и кога е добро, и кога е тешко, и во победи и во порази. Тие ја сакаат Македонија со своите срца. Гласот на тивкото мнозинство е гласот на разочарaниот работник, на револтираните млади, на тие кои имаат своја фирма и се борат за дневен опстанок на компанијата која им е сѐ и за која вложиле сѐ. Тоа е гласот и на професорите, докторите, медицинскиот персонал. И сите овие луѓе на нашата Македонија мора да знаат дека новата иднина зависи од нивниот глас. Гласот на тивкото мнозинство со кој победува надежта и заедничката среќа. Затоа 17-ти излезете и поддржете создавање на нова иднина, заокруќете 7, заокружете за Иван Јорданов и 7 за советничка листа. Време е за вашиот глас- порача Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој вечерва имаже говор во Штип.


Понатаму додава:

Сакам да се обратам до земјоделците на овие избори. До работниот народ, на оваа земја, луѓето кои заслужуваат многу повеќе почит и повеќе поддршка од државата. Не и верувајте на власта и на нивните убави зборови, тие и овој пат сакаат да ве излажат. Нема ништо и да се промени со нив, работите ќе тргнатна подобро кога ќе се смени оваа власт. Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател и соговорник, партнер за решавање на вашите проблеми и вашите маки. Точно знам со што се соочувате, излезете на овие избори и гласајте за промени.

Барам и замолувам поддршка од пензионерите, од тие кои својот живот го дадоа за подобра иднина, а сега оваа власт ги разочарува. 5 години не им ги покачија пензиите, туку им ги скратија за да имаат повеќе за крадење. Заслужувате достоинствена старост, почит од државата и она што ви следува, повисоки пензии, поголема грижа. И таа ќе ја имате, и затоа се потребни промени.

Барам и замолувам поддршка и од оние кои планираат својот глас да го дадат за условно речено помалите партии. Така само се разделува опозицијата, и не бидете сигурни дека секое отстапување надвор од ова здружено блоковско настапување против власт не е уште еден голем експеримент кој е инвестиција на Заев за ситнење на отпорот, само за да купи уште еден месец повеќе за тендери и власт. Затоа добро измерете, добро проценете дали вреди да инвестирате во нешто што знаете дека нема да ги оправда вашите очекувања. Ова за тие партии е хоби и уште една тезга, а за вас и за целиот народ се работи за вашиот живот. Поддржете не, затоа што ние ќе го застапуваме вашиот глас, и така ќе има најголема гласност.

Барам и замолувам поддршка, да излезат и да гласаат тие кој во минатото бојкотираа, оние кои не планираа досегаа да гласат за ниту една партија. Не дозволувајте да пропадне вашиот глас. Некогаш неодговорната власт не е само последица на лошите особини на челните луѓе и првенците на власта, туку и поради игнорирањето и незаинтересираноста на добрите луѓе да учествуваат во политиката, тоа се луѓето кои одбрале да молчат кога требале да викаат. Затоа овој пат имајте свој став и излезете на гласање. Не сме сите исти, и не сум ист со оние против кого се борам. И треба да бидеме свесни дека останувањето дома скоро никогаш не вродило со плод во минатото, и дека неискажувањето на ставот, не прави помалку одговорни за сите работи кои не допреле изминативе 30 години. Затоа што години од денес, не е сеедно кога нашите деца ќе прашаат на чива страна сме биле, кога се носеле одлуките.

На крај,
барам и замолувам поддршка и ги повикувам да излезат да гласаат оние на кој црвено црната им е во срцата. Кој ни замеруваат понекогаш дека сме млаки, недоволно остри, дека попуштаме. На овие избори сите ние имаме заеднички противник, Заев со кој секој ден Македонија ја има се помалку. И знајте дека ВМРО и Македонија секогаш биле сопатници низ времето и се додека го чуваме огнот во нашите срца, ќе дојде време и за поголем пламен од кој Македонија ќе се роди повторно.

Излезете и изборете се! Создадете нова иднина!
Иднина за тебе, за Македонија, нова иднина во која оптимизмот ја победува малодушноста, иднина на триумф на вашите вредности.
Новата иднина е нивниот најголем кошмар. Таа создава! Таа носи промени и проекти! Новата иднина победува! Затоа создади нова иднина за Македонија! За вас и вашите најблиски! Победваме заедно, ова е победа на народот!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.