Мешовитата комисија за историски и образовни прашања од Договорот за добрососедство со Република Македонија мора да продолжи со работа, соопштија од бугарското МНР по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Теодора Генчовска и Бујар Османи.

„Министрите за надворешни работи на Република Бугарија и на Република Македонија го делат уверувањето дека работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања продолжува да биде суштинска за развојот на билатералните односи. Нејзината активност е суштински елемент на имплементацијата на Договорот од 2017 година и има за цел постепено надминување на стереотипите од минатото“, соопштиле од прес-службата на тамошното МНР.

Ваквиот став следи по вчерашното интервју на македоскиот копретседавач на Мешовитата историска комисија, Драги Ѓоргиев, кој изјави дека комисијата треба да ја прекине работата на 2 години до помирна атмосфера во односите меѓу две земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.