-Тетовци најверојатно нема да имаат можност да го користат монтажното лизгалиште на градскиот плоштад кое беше оштетено пред да се пушти во употреба. Иако директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во неделата најави дека со општината разговарале за санација и пуштање во употреба на лизгалиштето, градоначалничката Теута Арифи со спротивни ставови. Таа рече дека ќе се санира, но поради временските услови тоа ќе остане за наредната година.

-Нормално дека ќе се санира, но како што е времето не мислам дека ќе може истото да се користи. Нормално многу ми е жал за фактот што добрите работи им пречат на луѓето. Треба да се навиканат понекогаш и на убави работи, може да се случат и убави нешта. Така ние ќе го санираме, па идната зима можеби ќе имаме повеќе среќа да биде користено, рече Арифи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.