Изгорениот автобус не е стар три, туку барем 15-20 години. Неговиот модел е најмногу од 2005-2008 година. Ако сопственикот тврди дека тој е стар три години, можно е меѓу македонските фирми да има таква пракса старите автобуси да ги рециклираат во Турција, притоа да ги менуваат сите гнили со нови делови. Тоа води до компромитирање на оригиналните фабрички изолации, што се огноотпорни. Оваа друга изолација не се знае со какви материјали се прави. Јас тоа не можам да го тврдам, но ако некој тврди дека автобусот ме е стар три години, тоа не е вистина, зашто е видливо од моделот на превозото средство.

Ова за БНР го изјави Ивајло Константинов, извршен директор на Националното здружение на автобуски превозници и поранешен член на транспортната комисија од 44-от состав на Народното собрание.

Тој вели дека автобусите се обезбедени за да не бидат лесно запаливи и додава дека не му е познат друг ваков случај, автобус целосно да изгоре за толку кратко време-за околу пет минути.

-Хипотетички е можно да има посебен „бункер“ за превезување гориво, но не ми се верува дека е реално. Цените на горивата се со мали разлики. Последниве десетина години намам слушнато фирма од Европа да шпекулира на тој начин. Да потенцирам дека секој производител на автобуси предлага опција за дополнителен резервоар, кој е сосема стандарден и законски. Речиси сите нови автобуси имаат такви дополнителни резервоари, изјави Константинов.

Тој објасни дека лиценцирањето на автобусите се врши, откако прво ќе биде лиценцирана фирмата, која го врши соодветниот превоз.

-Секое превозно средство, земено под наем или продадено од таа фирма, се додава или се вади од лиценцата, што ја има т.е. не станува збор за некаков страшен престап, што македонскиот автобус немал лиценца за меѓународен превоз, туку за физичко впишување на автобусот во лиценцата на фирмата, изјави Константинов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.