Идејата драг Зоране беше да се дојде до договор и разбирање со Бугарија преку компромис, а не на народот да му продаваш дека компромисот се состои во тоа дека Софија го признавала јазикот и идентитетот, а ти за возврат да ги признаеш, прифатиш и промовираш сите нивни негационистички, ревизионистички и лажни барања, реагира активистот Ивор Мицковски по денешното интервју на Зоран Заев за БГНЕС, во кое тој изнесе неколку поразителни тези како тоа дека бугарската војска го ослободила Куманово…

Ти си човеку неверојатен, за да продолжи твојата „искусна” политичка приказна, подготвен си да прејдеш преку секаква небулоза, несвесен дека државното пријателство и односи, не можат да се базираат на твојот интерес, интерпретација, на твоја замисла што е пријателски однос меѓу две држави и општества.
Дури и да Бугариве ти го купат поданичкиот наратив, секој паметен ќе знае дека го поставуваш на трули основи, и дека секако ќе остане ресентиман за кој тебе ти е гајле.
Јеботе, изгледа будалана Каракачанов бил у право, само едно згрешил, ти и на Бугарите и на Македонците им брцаш нож во грбот.
Идејата беше компромис, не капитулација, коментира Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.