Шефот на изборниот штаб на ДУИ за поддршка на Стево Пендаровски како кандидат на претседателските избори Изет Меџити вели дека владиниот коалиционен партнер не може да биде обвинет за бојкот на изборниот процес.

Поранешниот градоначалник на Чаир во три мандати вели дека разликата меѓу Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, која во првиот круг како кандидат на опозицијата загуби мошне тесно, ја направил ДУИ, убедувајќи ја јавноста дека истото ќе биде постигнато и во вториот круг.

ДУИ го поддржа Пендаровски, а гласовите на ДУИ се одлучувачки за победата на Пендаровски во првиот круг. Сега е многу јасно дека Алијансата за Албанците и Река излегоа со кандидат на овие избори само да за да им се помогне на Силјановска и на ВМРО-ДПМНЕ на сцената – изјави Меџити.

Според Меџити, дали ДУИ ја изгубил легитимноста кај Албанците не може да се каже на претседателските избори, затоа што, според него, тие не се релевантни за мерење на такво нешто. Тој додава дека на локалните избори во Дебар, каде што ДУИ иако тесно победи уште во првиот круг, беше докажано која политичка опција ужива легитимитет кај Албанците.

Изв

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.