Изет Меџити се враќа во Собранието, но нема да се откаже од интерпелацијата најавена против вицепремиерот за политички систем, Артан Груби.

Меџити вели дека неговиот пристап кон Собранието ќе биде конструктивен и критичен, објави „Алсат“.

Ќе продолжам во Парламентот да ги поддржувам и да ги критикувам таму каде што грешат. Опцијата за интерпелација останува – вели Меџити.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по осум-часовен состанок на централното раководство во Тетово, изјави дека во ДУИ не останало ништо неразјаснето. Ахмети додава дека не се зборувало за разрешување на Груби. Тој ги опишува несогласувањата меѓу групите како лутење.

Да, да, не остана ништо необјаснето до последниот атом. Немаше точки каде што не се согласувавме воопшто. Можеби некој се налутил или имало недостаток на соодветни информации, но сите работи во основа се разјаснети и целата работа е на добар пат за да преземеме нови одговорности и да ги придвижиме работите напред. Воопшто не се зборуваше за оставка. Разговаравме за принципи, стратегии, програми и задачи што нè очекуваат – вели Ахмети.

По формирањето на Владата, групата на потпретседателите Изет Меџити, Муса Џафери, Садула Дураку и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети излегоа како незадоволна формација од владиниот тим на ДУИ, а Меџити, како координатор на пратеничката група, не се појавуваше во Собранието неколку недели.

Оваа група и се состана неколку пати за да исдпрати директна порака за нивното незадоволство, но се чини дека состанокот во саботата ги смири страстите во ДУИ. Ахмети веќе неколку пати повтори дека нема да има реконструкција на владиниот кабинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.