Материјалите што ги објавува италијанскиот весник „Ла верита“, а се во владение на Јавното обвинителство, како што пишува италијанскиот весник, содржат индиции за сериозно прекршување на Изборниот законик за време на парламентарните избори во 2014 година.

Во документите објавени во интернет изданието на веста, а кои ги поседува и обвинителката Вилма Рускоска, стојат имињата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но и на неговиот брат Вице Заев, кој во телефонски разговор бара одмазда за лица кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ на изборите.

Камбер жената, мажот и сега гласаше за ВМРО сакам да ја исфрлиш. цела фамилија гласале за ВМРО. И тој Јашар што е трактористот кај нас кај Бранко што работи, наредува Вице Заев да се „дисциплинираат“ тие што гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Членовите на криминалната група според Ла Верита се добро познати лица кои цели 6 години на необјаснив начин се заштитени и не одговараат за својот криминал.

 

Во видеовеста на „Ла верита“ се вели дека доказите за изборен криминал што се објавуваат се набавени со ПИМ (посебни истражни мерки), а во нив се споменуваат Зоран Заев (тогашен лидер на опозицијата), Вице Заев (негов брат), Марјан Даскаловски (член на СДСМ) и Зоран Георгиев од ЈП „Комуналец Струмица“, како купувале гласови за избори.

Зоран Георгиев од ЈП „Комуналец Струмица“ ѝ е сопруг на Лорета Георгиева, која со ургенција на Заев стана член на Републичкиот судски совет. Георгиеви и Заеви се куќни и партиски пријатели.

Марјан Даскаловски кое го споменува Ла Верита е член на СДСМ, прв човек на струмичките социјалдемократи, а бил пратеник од изборна единица четири.

Во видеото на Ла Верита се читаат делови од ПИМ мерки во кои се откриваат како течел изборниот поткуп со конкретни чекори на осомничените.

„Ла верита“ стои зад автентичноста на фактите што ги објавува, а најави дека документите што ги поседува македонското обвинителство ќе ги објавува во три дела. Според весникот, документите во рацете на македонското обвинителствоинсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од Зоран Заев.

Тој за време на парламентарните избори во 2014 г., како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев, пишува италијанскиот весник Ла Верита.

Доказите за таквите измами „Ла врита“ ги стекнал кога македонското обвинителство, по официјалната пријава, навремено спровело посебни истражни мерки, меѓутоа без да отпочне судски процес против осомничените.

Со оглед на тоа што за откриеното потенцијално кривично дело, од кривичната пријава број 50/16 во обвинителството за организиран криминал, не се застарени роковите и за скоро сето ова би требало да води кон нов развој на настаните од страна на тие што го водат случајот. Во следните денови за да не влијаеме негативно на употребливоста на материјалите кои се сè уште на располагање на обвинителството, ќе објавиме кратки сублимирани извадоци од дел од документите од истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.