Изборниот молк како никогаш досега поминува како ден на масовен изборен поткуп. Кандидати за градоначаници, актуелни градоначалници и кандидати, активисти, членови на партии, министри – сите впрегнати во намерата да го компромитираат изборниот процес. Се врши агитирање на терен, отворени се изборни штабови, се делат пари на рака, се асфалтираат улици, кандидат за градоначалник држи партиски состанок….

Новинарски екипи на терен затекнаа многу неправилности и прекрувања на изборниот процес, тие се евидентирани и по завршување на изборниот молк, ќе бидат објавени.

-Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, пишува во законот.

Медиумите ќе останат доследни и ќе го почитуваат законот, кога веќе учесниците во изборите не го прават тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.