Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река оценија дека денешните избори поминале во фер и демократсска атмосфера со многу мал број неправилности

Според Рамадан Реџепи, портпаролот на изборниот штаб на Река, загрижувачки е фактот што е мал процентот на излезност на овие избори и ова ја потврдува нивната теза дека 1/4 од населението е иселено од Републиката.

Прашан дали ќе ги повикаат нивните гласачи да поддржат некој од другите кандидати доколку нивниот кандидат не се пласира во вториот круг, Реџепи рече дека ќе ги остават да гласаат за кого сакаат.

Гласањето е демократско право и секој човек е сопственик на неговиот глас. Ние нема да ги повикуваме гласачите што нас нè поддржаa да гласаат за било кој од другите двајца кандидати, посочи Реџепи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.