Апостол Симовски, директорот на Заводот за статистика, денеска на прес-конференција истакна дека пописот на населението нема да се одржи во април до година, како што до сега се планираше, поради новонастанатата ситуација со договорот на политичарите истиот месец да се одржат вонредни парламентарни избори.

Април е непогоден. Можноста за попис пред изборите технички е невозможно. Се работи за гломазна организација која не може да се спроведе по април. Не може да одговориме кога ќе се спроведе, тоа е одлука на парламентот, тој треба да одлучи Не може да влијаеме на ваквите одлуки, тие се легитимни, коректни И ние бевме затекнати вчера со решението. Пописот секако ќе мора да се спроведе. Не сум чул дека некој има намера тој да не се спроведува – рече Симовски.

Тој додаде дека најсоодветни месеци за попис остануваат март или октомври, кога најмала е мобилноста на населението, но дека не би сакал операцијата да се развлече до 2021. Симовски рече дека во меѓувреме имало 23 барања од опозицијата, но поголемиот дел од нив не биле прифатливи за Заводот за статистика како спроведувач на операцијата.

Симовски повика Законот за попис на населението што поскоро да се донесе во Собранието за да имам конкретен термин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.