Македонија има убедливо највисок индекс на смртност од коронавирус во регионот, покажуваа податоците на американскиот универзитет „Џон Хопкинс“. Македонија води и според пресметките на смртност на милион жители.

Заклучно вчера, 111 лица ја загубиле битката поради новиот вирус или компликации предизвикани од истиот.

И покрај тоа што бројот на тестирања е мал во споредба со останатите земји, вчера беа потврдени 40 случаи на новозаразени лица, највисока бројка по скоро месец дена.

Само за споредба, Хрватска и Албанија бележат по 2 нови случаи, Словенија нема ни еден.

Високите бројки на новозаразени во Србија, пак, се резултат на сеопфатното тестирање, со цел да се фатат сите потенцијални локални жаришта и да се стават под контрола без натамошно ширење. Србија во моментов тестира меѓу два и 10 пати повеќе по глава на жител дневно во споредба со регионот (над 10 пати повеќе од Албанија, 4 пати повеќе од Хрватска и околу два пати повеќе од Словенија).

И покрај овие поразителни бројки, Зоран Заев, Венко Филипче и СДСМ промивираат успешно справување со епидемијата.

Заев, пак, е единствениот лидер на партија кој упорно одбива да го стави здравјето на граѓаните пред неговата болна желба за власт. По последната лидерска средба, сите партиски лидери се согласија дека јуни е прерано да се зборува за избори, особено кога и Државната изборна комисија смета дека тие се невозможни.

Ако не се договориме да знаете, на 21 јуни ќе има избори, се „закани“ Заев и рече дека би одел на избори и без опозицијата.

„Демократски“.

Во меѓувреме и граѓаните сè уште стравуваат и не сакаат избори по секоја цена.

Дури 74 проценти на анкетата на Институтот „Habeas Corpus” се против брз избори во јуни. Ова несомнено кажува дека граѓаните многу подобро од Заев ја разбираат сериозноста на состојбата и оти не може да се оди на избори кога секојдневно има заразени и починати.

Зоран Заев уште еднаш покажа и докажа дека политичката кариера му е поважна од здравјето на граѓаните, дури и по цена на човечки жртви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.