Голем број неважечки гласачки ливчиња се најдоа во избирачките кутии по денешното гласање за претседател на Македонија. Дури 32.275 се избројани досега, со можност таа бројка да порасне, со оглед дека остануваат за пребројување уште околу 2 отсто од гласовите. За споредба на претседателските избори во 2014 година во првиот круг биле избројани 23.677 гласови.

Во 2014 година во првиот круг своето право на глас го оствариле 869.547 граѓани со право на глас, или 48,86 проценти. ГжСега гласале околу 741.300 гласачи или 42 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.