Исламската верска заедница со Реис ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи влезе во војна со актуелната Влада и премиерот Зоран Заев. Причина, според упатените се големите ветувања кои Заев ги давал, а никогаш не ги сполнил. Тие денеска со остри тонови се обидоа да ги разрешат спротивставените гледишта околу денационализацијата на верските објекти што и припаѓаат на ИВЗ предупредувајќи ги дека се принудени во пресрет на преседателските избори да ги информираат верниците во 700-те џамии за дискриминацијата што ја врши државата кон ИВЗ и нејзините верници.

Во писмото реисот и пишува на Владата како за бавната постапка за денационализацијата, така и за секојдневните проблеми кои ИВЗ ги имала од органите на власта кои ја попречувале во нејзината работа и секојдневната активност на одржување на верските објекти кои се културно наследство.

Од ИВЗ посочуваат дека се особено засегнати од нерешавањето на статусот на верските објекти во Лажец /  Битола, Хусамединпашината џамија во Штип која е заведена на друга верска заедница, за кои постапките се уште траат. Тие во писмото ја обвинуваат Владата дека ја фаворизира МПЦ која, според нив, била првилигирана во секој поглед. На крајот од писмото тие и оставаат рок на Владата од 10 дена да им ги реши посочените проблеми и бараат итна заштита од дискриминација на ИВЗ и граѓаните со муслиманска вероисповед.

Владата на РСМ јавно го соопшти одговорот упатен до раководството на Исламската верска заедница и до Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи, по добиено писмо од ИВЗ кое според нив содржи вид на уцени, закани и ултиматуми за предмети за кои се водат постапки пред надлежните институции.

Во однос на примениот допис бр. 03 – 154 од Ваша страна, истакнуваме дека истиот претставува неприфатлив облик на обраќање кон државните институции, кој е вид на уцена и закана, поради  што сериозно размислуваме за истото да го известиме надлежното јавно обвинителство. Во него споменувате неколку предмети, за кои се води постапка пред надлежните институции, која е независна од волјата на извршната власт, а втемелена и зависна од строгото почитување на позитивното право во државата.

Според Уставот, како највисок правен акт, Република Северна Македонија е секуларна држава, а оваа извршна власт никогаш нема да презема чекори со кои би ги манипулирала верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив. Во таа насока ги отфрламе сите обвинувања дека било која верска заедница е фаворизирана во државата, а таквото обвинување го сметаме за претенденциозно и паушално.

Доколку кај Вас почитуван, постои сомнеж или индиција дека некоја институција ги прекршила позитивно правните прописи, Ве охрабруваме како Реисул на ИВЗ да покренете соодветна постапка пред надлежните органи со соодветно правно барање.

Особено важно е да нагласиме дека во мултиконфесионално општество верските граѓански права и слободи се остваруваат преку постојан процес на градење на меѓусебна доверба помеѓу различните конфесии, а не преку ултиматуми, кои како правило на игра доколку го прифатат сите регистрирани верски заедници, сериозно негативно би се одразило врз општествената кохезија, се вели во одгороворт на Владата.

Во прилог целиот допис на ИВЗ до Премиерот Заев, Птереседателот на Собранието, Џафери и Комисијата за односи со верските заедници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.